13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

Видео: Луѓето врескаа, плачеа и трчаа во паника, два силни земјотреси го стресоа тлото

Првото поместување на земјиштето беше забележано околу 11.30 часот по локално време, а американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот бил на длабочина од седум километри.

Вториот, посилен земјотрес се случи нешто по 22 часот по локално време, на длабочина од 20 километри.

„Возев да испорачам помош за евакуираните, кога одеднаш видов како се ниша елетричниот столб. Луѓето започнаа да врескаат и да плачат. Истрчаа на улиците“, раскажува сведок за новинската агенција „АФП’.

https://www.youtube.com/watch?v=nKhd2Rxxsxk

Во Матарам, главниот град на островот, се изгаснале светлата на трговските центри и луѓето истрчале кон отворениот простор, велат очевиците.

„Населението е во паника од претходните земјотреси, а автершоковите никако да сопрат“, вели Ендри Сусанто пред репортерот на „АФП“.

Индонезија во изминатите два месеци ја погодија серија силни земјотреси. На 5 август, во земјотрес од 6,9 степени животот го загубија 460 лица. Претходно, земјотрес со јачина од 6,4 стешени на 29 јули, усмрти 16 лица.

Спонзорирано: