14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Снимка од сообраќајка го обиколи светот: Станал само неколку секунди после страшна несреќа (Видео)

Снимка од несреќа која се случила во украинскиот град Виноградив, го обиколи светот откако двајца мажи со мотоцикл се забиле во автомобил кој доаѓал од спротивниот правец.

Откако прелетале преку автомобилот, возачот запрел, а еден од мажите кој бил на моторот веднаш станал и тргнал кон него.

Другиот маж исто така се обидувал да стане, но останал на земја кога сфатил дека ја повредил ногата, пишува Дејли Мејл.

Локалните медиуми пренесоа дека повредениот мотоциклист е одведен во локална болница на лекување.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина