3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Драма на небото: Девет авиони принудно слетаа поради закани за бомба

Девет авиони беа принудени во воздушниот простор на Чиле, Аргентина и Перу, принудно да слетаат или да се вратат на аеродромите од каде полетале, по закани за бомба за кои подоцна се испоставило дека биле лажни.

Заканите ги регистрирала чилеанската управа за цивилен авионски сообраќај.

Најмалку два авиони и припаѓаат на компанијата „ЛАТAМ ерлајнс“, а три на нискобуџетната компанија од Чиле „Скај“, потврдија компаниите.

Генералниот директор на чилеанската управа за авиосообраќај, Виктор Ваљалобос Кољао изјави дека биле упатени вкупно 11 закани, од кои девет се однесувале на тековни летови.

По проверката било утврдено дека во авионите немало експлозив, а потоа најмалку еден добил дозвола да продолжи со летот.

Полицијата и надлежните се обидуваат да утврдат од каде дошле заканите.

Спонзорирано: