17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Нова суицидна игра пристигна во Европа: Внимавајте на децата

Момо е нова вознемирувачка игра која се шири преку популарната апликација за размена на пораки WhatsApp. Аргентинската полиција се сомнева дека оваа игра е поврзана со самоубиството на 12-годишно девојче и издаде предупредување до сите родители да внимаваат на своите деца.

Девојчето од Аргентина пред самоубиството ги снимило своите активности, а потоа извршило самоубиство. Полицијата пронашла и пораки. Сега полицијата трага по 18-годишник за кого постојат сомневања дека го запознал девојчето преку интернет.

Ужасната игра почнала да се шири низ светот така што корисниците на апликацијата WhatsApp почнале да комуницираат со непознати броеви. Брзо почнале да им пристигнуваат насилни слики и заканувачки пораки.

Слична игра се појави 2017 година во Русија. Поради играта „Син кит“ животот си го одзеле повеќе од 130 деца на возраст од 10 до 16 години.