19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ќе одговори на новите американски санкции

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека земјата ќе се зафати со подготовка на одмазднички мерки поради новите санкции на САД.

„Русија постојано предупредува дека разговорот од позиција на сила и ултиматум е бескорисен и неперспективен“, истакна таа.

Захарова ги оцени сакнциите како непријателски и додаде дека е очигледно оти се работи за договор меѓу САД и Велика Британија.

„Очигледно е дека се игра заедничка игра, во која улогите ги толкуваат Лондон и Вашингтон. Видовме дека беа протерувани руски дипломати“, рече Захарова.

САД воведоа нови санкции против Русија поради случајот со употребата на нервен агенс против поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март годинава во Солсбери.