5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија ја укинува забраната за употребата на нацистичките симболи во видеоигрите

Видеоигрите што се комерцијализирани во Германија отсега ќе може да користат нацистички симболи под услов нивното присуство да не е за пропагандни цели, соопшти германското регулаторно тело.

Досега во видеоигрите, за разлика од филмовите, мораше да се почитува законот за забрана на истакнување симболи од времето на нацизмот.

Кукестиот крст во некои видеоигри, меѓу кои Call of Duty или Wolfenstein II: The New Colossus, во германската верзија беше заменет со друг симбол.

Регулаторното тело сепак наведе дека не планира глобално одобрување на нацистичките симболи во сите сфери, туку ќе дава согласност за секој случај одделно.

„Таквите симболи може да се користат ако се во служба на уметноста, науката или историјата“, додаде германското тело наведувајќи дека ваквиот пропис важи за филмовите и претставите.

Германската јавност негодуваше поради цензурата на некои видеоигри или игри со изменети симболи, а имаше и случаи со бришење на мустаќите на Адолф Хитлер.