15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција формира национална служба за управување со вонредни состојби

Грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита ќе биде заменет од националната служба за управување со вонредни состојби, која ќе биде независна служба што хиерархиски ќе биде под Министерството за внатрешни работи. Ова го изјави грчкиот премиер, Алексис Ципрас, претставувајќи го новиот модел на цивилна заштита по катастрофалните пожари во реонот на Атика, кои однесоа повеќе од 90 човечки животи.

„Раководител на оваа служба ќе биде човек со докажано искуство, оперативна способност и научна компетентност, а финансиските средства за службата во износ од 500 милиони евра ќе бидат издвоени од Европскиот фонд за инвестиции, Европскиот фонд за развој и Националната програма за јавни инвестиции“, рече Ципрас.

Тој посочи дека со помош на грчки и странски професори ќе се формира комисија што ќе ги испита причините за катастрофалните пожари за да се спречи нова трагедија во иднина.