18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТТОП ВЕСТИ

Повторно гори во близина на Мати, грчките власти предупредуваат на нови пожари

Во утринските часови грчката противпожарна служба реагираше на пожар во областа Агиа Марина во Неа Макри во источна Атика. Дваесет пожарникари со седум возила беа ангажирани во справувањето со огнот, соопшти весникот „Катимерини“.

Во текот на последните 24 часа противпожарната служба добила 77 повици за пожари, а грчките власти предупредија на ризик од нови пожари во Атика, јужна Евбеја и неколку острови во Егејското Море.

Неа Макри се наоѓа во близина на населбите што беа зафатени од големите пожари. Во пожарите во источна Атика минатиот месец загина најмалку 91 лице.

Спонзорирано: