18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ФОТО: По големиот пожар, мистериозна порака се појави на брегот

По големите шумски пожари во Ирска на земјата се појави натпис кој датира од Втората светска војна.

Откако пламените јазици ја уништија вегетацијата на источниот брег, се откри големо предупредување испишано на земјата со помош на бел камен.

На земјата е напишана шифрата „Eire 8“, која имала за цел да ги предупреди бомбардерите од двете завојувани страни дека летаат над неутрална територија, Ирска. „Eire“ значи Ирска на ирскиот јазик, јавуваат светските медиуми.

До необичното откритие дошла полицијата која од воздух на пожарникарите им пружала поддршка и така го забележала знакот.

Спонзорирано: