14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајландските момчиња се вратија на училиште

Тајландските момчиња спасени од пештерата во северниот дел на земјата се вратија на училиште денес, објавија локалните власти.

Училиштето во провинцијата Чианг Раи срдечно ги пречека дванаесетте момчиња спасени од поплавената пештера, во акција која со трепет ја следеше целиот свет.

Тие беа облечени во училишни униформи, а од претставникот на германскиот фудбалски клуб „Баерн“ добија клупски дресови.

По успешното спасување од подземниот лавиринт во кој беа заробени две недели, малите фудбалери на возраст од 11 до 16 години една недела закрепнуваа во локалната болница и уште една недела дома.

Единаесетте момчиња, со исклучок на 14-годишниот Адула Сама-она, кој е христијанин, поминаа девет дена во будистички манастир во знак на благодарност за спасувањето.

Нивниот тренер, 25-годишниот Екапол Чантавонг, ќе остане во манастирот уште три месеци.