16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay / илустрација
СВЕТ

Неколку лица повредени при експлозија на автомобил во Каиро

Во близина на центарот на Каиро изутринава експлодирал автомобил по судир со минибус, соопштија надлежните служби, оттаму додаваат дека причината за експлозијата засега е непозната.

Покрај официјалните податоци дека причината е непозната, во изјава за „Ројтерс“ две неименувани лица од безбедносните сили посочиле дека експлозијата, најверојатно, била предизвикана од неисправна батерија.

Портпаролот на египетското Министерство за внатрешни работи во изјава за медиумите посочи дека повредените лица се веднаш префрлени во најблиската болница.

Спонзорирано: