11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца цариници уапсени поради кражба на хероин, во Малезија исчезнале седум кутии полни со дрога

Дваjца цариници се уапсени поради кражба на хероин во Малезија. Како што соопштуваат надлежните, исчезнале седум кутии полни со дрога.

Полицијата не соопштува колку вредат украдените наркотици, но во медиумите излезе информацијата дека станува збор за сума од околу 7,4 милиони долари.

Малезиската полиција ги уапси двајцата цариници, заедно со уште три други лица, тие се товарат дека украле околу 50 килограми наркотици од царински склад.

По кражбата, на местото веднаш пристигнале припадници на безбедносните сили, а безбедноста во целиот регион беше на највисоко ниво, соопштуваат од полицијата.