11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Полицаец скокнал на кров на комби во движење за да му напише казна на возачот (Видео)

Полицаец во Кина скокнал на кров на мало комби во движење за да му напише казна на возачот кој непрописно се паркирал и немал дозвола.

Двајца полицајци го затекнале возилото на тротоар и побарале исправи, а кога возачот одбил да ги даде, почнала потера како од филм.

На снимката се гледа како еден полицаец на мотоцикл го следи бегалецот, додека неговиот колега се држи за кровот на комбито. Возачот, меѓутоа, одбива да застане и покрај наредбите и продолжува со возење следните 12 километри.

Потерата, која започнала на автопат, конечно завршила во една од споредните улици, откако возачот сепак одлучил да запре, по што бил уапсен.