23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

Петре Шилегов предмалку “распали” по Ѓорге Иванов – еве што му порача

Лавина жестоки реакции предизвика говорот на претседателот Ѓорге Иванов во Крушево по повод празнувањето на Илинденското востание.

Се надевам дека Иванов ги слушна “повиците” на неговите следбеници денес на Мечкин Камен.

Ако е таква “неговата” Македонија, тогаш, не. Благодарам. И ќе го заобиколувам.

Тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија.

На тој пат, господине Иванов, одете сами. Со таа “шака јад” околу Вас.

А ние ?

Ние “ладно” ќе Ве заобиколиме. И ќе ја исправиме Македонија на вистинскиот пат. На извесна и подобра, европска иднина.

Збогум “заобиколен”., напиша Петре Шилегов, висок функционер во СДСМ и градоначалник на град Скопје.