17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мува нападна политичар во програма во живо: Неговата реакција ги насмеа сите (Видео)

Министерот за државен имот на Хрватска Горан Мариќ доживеал необичен инцидент додека гостувал во емисија на RTL.

Додека одговарал на прашање за бившиот гувернер, кој со години не плаќа месечен надоместок од 200 куни за користење државен стан, на министерот му се прикрадила мува.

Кружела околу него некое време, па слетала на неговото лице.

Откако Мариќ, и покрај досадната мува, сложено објаснил како потпишал опомени за 428 функционери, мувата го оставила гостинот на мира.

Мариќ, како и секој вешт политичар, прво ја игнорирал мувата, но на крај сепак морал да реагира.