15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Делегации на СДСМ ќе го одбележат празникот 2 август

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.
Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ во состав Аднан Џафероски, член на ИО на СДСМ, Оливера Чавкар, член на ЦО на СДСМ и Бети Рабаџиевска Наумовска, пратеничка во Собранието на Република Македонија, ќе положат свежо цвеќе пред гробот на Никола Карев, пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и пред споменикот на Мечкин Камен.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Борче Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба, и Рената Јајоска, Градска Организација на СДСМ, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, како и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово и Лидија Тасевска, пратеничка во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.

Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Никола Поповски, претседател на ОО СДСМ Демир Хисар, Роберт Наумоски, член на ЦО на СДСМ, и Зорица Петрушевска, член на ИО на OO СДСМ Демир Хисар, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.