17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија не го стави Косово на дневен ред на Советот за безбедност

Велика Британија која претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации, во август не го стави Косово на дневен ред на тоа тело. Амбасадорката на Британија во ОН, Карен Пирс изјавила дека и покрај тоа што прашањето за Косово останува важно, тоа не бара повеќе редовни седници. Шефот на српската делегација Ивица Дачиќ, изјави дека тој чекор на Лондон е насочен против интересите на Србија.

Во програмата на работата објавена на сајтот на ОН го нема Косово. Советот за безбдност, со кој во август претседава Велика Британија, ја прескокна расправата за Косово, бидејќи на претходната седница, претставниците на Шведска, Британија, Франција, САД, Полска и Холандија навеле дека е време да се промени форматот на расправа за косовската криза во седиштето на ОН.

На тоа остро се противеа Русија, Кина и Србија. Српската премиерка Ана Брнабиќ рекла за РТС дека мора да се расправа за ситуацијата на Косово и Метохија како и до сега. Според неа намерата на Лондон е политички неискрена.

Дачиќ пак нагласи дека со овој потег, Британија се ставила на страната на Приштина.