12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со повик до граѓаните: Излезете и изберете на референдумот

Го имаме денот, 30 септември, кој ќе ја означи пресвртницата во нашата историја, кога на секој од граѓаните им е дадена шанса да донесат голема одлука. Сега е време за одлука. Секој од нас е должен да ја прeземе одговорноста за својата иднина и за иднината на нашата земја. Вашиот глас е ваше право, не дозволувајте никој да ви го одземе или злоупотреби. Ве повикувам да покажете дека никој нема да ве поколеба да излезете.Излезете и изберете, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата,на која во присуство на сите членови на владиниот кабинет ги повика граѓаните да се изјаснат на референдумот за Договорот со Грција.

,,Резултатот и вашата волја ќе се почитува. Верувам во одлуката на граѓаните и уверен сум дека Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, а македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик. Со вашиот глас на референдумот нема да дозволите Македонија и натаму некој да ја држи во заложништво. Опозицијата имаше десет години да направи договор, но поважно им беше да нè држат скарани со соседите, додека си играа со стiропор споменици, место да градат иднина.Нема да донесат подобар догоvор ние кои на Македонија и донесоа од лошо полошо. Бараа рефереnдум и сега срамно го напуштија парламентот и бегаат од одговорност. Ова е време за клучни одлуки, а не за бегство”, рече Заев.

Тој им се обрти и на ,,чесните” членови на ВМРО-ДПМНЕ. ,,Вам вратата ви е отворена”, им порача премиерот.

Според Заев, сите имаат обврска да направат чекор, да ја обезбедат иднината на нашата заедничка Македонија. Сега е време за храбри чекори за татковината, време за патриотски одлуки. Од денеска тргнуваме силно и никој не може да нè сопре, решителни Македонија да успее. Ве повикувам да изберете светлина и иднина, референдумот е точката во која ќе се спојат иднината на нашата држава и Европа.

Прашан што ќе се случи доколку не биде исполнет цензусот, Заев рече: ,,Не сакам ни да помислувам што доколку не биде исполнет цензусот. Тој треба за пример да го постигнеме. Ако не сега, кога. Ова е историска одлука која можат да ја донесат само граѓаните. Апелирам до нив овој одлучувачки процес да го сфатат сериозно. Не размислувам за неуспешен референдум и за непостигнат цензус. Огромно мнозинство ќе бидат ‘за’, уверен сум дека референдумот ќе биде успешен и дека ќе се исполни цензусот. ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да повикаат на бојкот и јас се надевам дека нема да го сторат тоа. Во оваа мала Македонија дури и тајно да дадат задача за бојкот, ќе дознаеме сите”, рече Заев.

Според премиерот, ако граѓаните одлучат да останат дома, ќе ја пренесат одлуката на институциите. ,,Затоа апелирам дека одговорноста е кај сите и ќе излеземе и ќе гласаме како што мислиме дека треба, оти тоа е обврска кон татковината”.

Вчера со 68 гласа „за“ пратениците во Собранието ја донесоа одлуката за распишување референдум за името, што ќе се одржи на 30 септември. Референдумот ќе биде консултативен, а референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Спонзорирано: