17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Прво референдум, па потоа ќе се објави Договорот со Грција во „Службен весник“

Законот за ратификација на Договорот со Грција ќе се објави во „Службен весник“ по референдумот, рече собранискиот спикер Талат Џaфери. Тој очекува прво граѓаните да го кажат своето мислење.

-Сметам дека најповолно време тоа да се случи е после изјаснувањето на граѓаните во однос на референдумското прашање, затоа што во одреден контекст сиот успех на Договорот зависи од одлуката на граѓаните која ќе ја донесат на референдумот и тоа е најсоодветно време да се постапи по однос на договорот, рече Џафери.

Одлуката за референдум веќе е објавена во „Службен весник“ и течат роковите. Кампањата почнува на 10 септември. Сите институции ќе бидат вклучени во кампањата, но носители сепак ќе бидат партиите.

-Не може ниту еден политички субјект да се исклучи од кампањата, и тој што ќе се определи да не учествува ќе води кампања.

Пратениците заминуваат на годишен одмор до 20 август. По враќањето од одмор, тие ќе треба да ги завршат заостанатите обврски до 7 септември пред почетокот на кампањата за референдум. Приоритет ќе биде изборот на членовите на неколку второстепени комисии кои останаа без своите први луѓе по нивното разрешување, како и директор на новоформираното тело за следење на комуникациите – ОТА.

Спонзорирано: