14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Кафе 30 денари, појадок во хотел 200 денари – погледнете ги цените на море во Албанија

Буквално за “џабе”, цени какви што веќе посакувате да бидат во вашите краишта, ова е вистината за песочните плажи во Валона, Албанија, пренесе Centar.mk.

Убавите песочни плажи кои се преполни со туристи од целиот Балкан, а особено ги има од Македонија нудат одлични услови на море.

Во Валона има убаво уредени плажи, ресторани кои нудат вкусна и свежа морска храна, неверојатни специјалитети од италијанската кујна.

Плажите особено препознатливи по чистотата на морето.

Инаку Валона е градче со стотина илјади жители, а до неа може да се стигне за околу 180-тина километри од граничниот премин Ќафасан. Патиштата постојано се обновуваат, а добар дел од делниците се автопатски.

Инаку покрај тоа што може да се релаксирате на убавите песочни плажи, цените во угостителските објекти се одлични.

Едно кафе чини околу 60 леки, односно 30-тина денари, колку што чини и обична или минерална вода. Тука е некаде цената на освежителните безалкохолни пијалоци, додека пак пивото изнесува 50-тина до 60 денари, пренесе Centar.mk.

Појадок во хотел може да ве чини до 200 денари.

Една голема пица чини околу 240 денари, што е и повеќе од доволна за еден возрасен човек, додека пак сместувањето чини 35 до 40 евра за пристоен апартман во зависност од погледот кон морето.

Во еден апартман може да се сместат и повеќе од 4 луѓе, бидејќи добар дел од апартманите се опремени со посебно вц, кујна и дневна, како и спална соба и тераса.

Спонзорирано: