13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Видео: Прво мислел дека тоа е лежечки полицаец, а кога се приближил пребледел од страв

Во повеќето земји лежечките полицајци се поставуваат со цел да спасат животи, но во Африка можат да ве убијат ако ги преминете.

Токму тоа можело да му се случи на Камерон Ват (50) кој возел мотор на пат во северна Африка кога здогледал нешто големо на патот. Прво помислил дека пред него има лежечки полицаец.

Меѓутоа, кога се приближил, сфатил дека тоа што требало да биде статично всушност се движи и дека тоа е џиновски питон.

Не можел да одолее и пришол поблиску до „најголемата змија која некогаш ја видел“, како што самиот вели.

Тој го извадил телефонот и го снимил ова неверојатно видео на кое јасно се гледа како џиновскиот питон преминува преку патот и исчезнува во грмушките.

Спонзорирано: