8.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Грција трага по двете близначки кои исчезнаа во пожарите

Зад снимките од катастрофалните пожари во предградието на Атина се кријат потресни приказни на преживеаните. Една од нив е и очајната потрага на татко на две близначки.

Станува збор за деветгодишните Софија и Василики, кои избегале кога огнот се приближил до нив, а нивниот татко верува дека ги видел на една снимка. Иако видеото е нејасно, бидејќи е направено навечер во Луци Рафина на еден брод, тоа за нивниот татко претставува последната сламка на надеж, пишува „Вечерње новости“.

Според пишувањата на весникот, девојчињата со другите побегнале кога првите огнени јазици го зафатиле имотот на нивните баба и дедо во Мати, каде што престојувале. Оттогаш им се губи трага до моментот кога на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат девојчиња на некој брод. Сепак, полицијата тврди дека немаат докази да го потврдат ова.

Од друга страна, таткото на девојчињата, Јанис Филипопулос, тврди дека се тие на видеото, иако видливоста не е најдобра.