10.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почна изградбата на колекторскиот систем во Потпелистерието

Почна изграбата на колекторско-канализацискиот ситем во Потпелистерието. Градежните активности се одвиваат на потегот од месноста Црвени Петли кон селата Трново и Магарево, а во првата фаза ќе бидат вложени 6,8 милиони денари.

На овој начин Битола конечно ќе го реши проблемот со отпадните води од селата под Пелистер и од туристичките објекти. Предвидено е колекторскиот систем да ги собира отпадните води на територијата на Националниот парк „Пелистер“, односно од хотелот „Молика“, Детското одморалиште, селата Трново и Магарево, сè до поранешната живинарска фарма, каде што е предвидена пречистителна станица.

Заложбите на локалната самоуправа за добивање поддршка од UNDP за прочистителна станица е успешно завршен. Со тоа се создава една функционална целина за почнување на прочистителен систем во Потпелистерието и се решава проблемот со загадените води.