11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Ќе има ДИК, ќе има и референдум, амнeстија на криминалот нема да има

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бесрамно тргуваат со националните интереси на Македонија за сметка на амнестија за криминалите на фамилијата.

Мицкоски вчера неодговорно и срамно избега од решение, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ со години се залагаше за референдум за договорот со Грција, Мицкоски вчера бесрамно ги услови договорот и идниот референдум со амнестија на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски одби да се откаже од својата намера преку бојкот да се обидува да ги уништува ЕУ и НАТО-перспективите на граѓаните.
Поради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турне Македонија во изолација и неизвесност, во темното минато на криминал и неказнивост. Колку и да се трудат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина.

Македонците со своите сограѓани од сите етнички заедници што живеат во Македонија одат напред, таму каде што припаѓаме, во ЕУ и НАТО, рамо до рамо со големите сили.

Како одговорна партија, заедно со сите политички субјекти што се на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможиме волјата на граѓаните да биде целосно почитувана и реализирана.

Ќе победи волјата на граѓаните. Ќе има ДИК, ќе има и референдум, амнeстија на криминалот нема да има“, нагласи Костадинов.