3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

УЈП во голема акција низ Македонија

Управата за јавни приходи активно ја следи даночната дисциплина кај сите даночни обврзници ставајќи посебен акцент на даночните обврзници во туристичките места во нашата земја.

Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.

Апелираме даночните обврзници редовно да ги подмируваат даночните обврски и укажуваме на потребата од зголемување на даночната дисциплина особено за време на летната и туристичката сезона, со цел избегнување на даночни и прекршочни постапки со кои би се соочиле бизнисите, а со кои би се намалила нивната сезонска заработка и углед. Навременото и уредното плаќање на даноци е предуслов за создавање на еднакви услови на пазарот и лојална конкуренција.

Спонзорирано: