15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ова сигурно не го знаевте: Еве што значат ознаките S, A и B на кутиите за јајца

Јајцата се омилена намирница на многу луѓе, па често се наоѓаат во јадењата кои секојдневно ги консумираме. Еве што треба да знаете кога купувате јајца.

Сигурно сте забележале дека на картоните со јајца има ознаки S, A и B – еве што тоа значи.

Знаеме дека ознаките претставуваат класа, но која класа е каква?

Класата S значи дека јајцето тежи помалку од 70 до 65 грама, класата A – помалку од 65 до 60 грама, а класата B означува јајце во категорија од 60 до 55 грама.

Кога купувате јајца, обратете внимание на тие ознаки, но и на обликот и бојата на лушпата бидејќи тоа може да укаже на квалитетот на јајцата.

Обликот мора да биде нормален, лушпата неоштетена, чиста и измиена.

Идеалниот облик на јајце им е познат на сите, а јајцата со аномалија – кои се „грбави“, или со некој друг дефект често укажуваат на некоја болест.

Бојата на лушпата исклучиво зависи од генетските фактори. Во некои европски земји, па и кај нас, распространето е мислење дека јајцата кои се во лушпа со браун боја се со подобар квалитет од белите, па тренд е да се произведуваат јајца со браун лушпа.

Во некои земји пак јајцата со бела лушпа се поприсутни на пазарот.

Спонзорирано: