25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лоши вести за времето: Во август очекувајте се’, само не летно време!

УХМР најавува дека следува период на променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Утре понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен сверозападен ветер. Дневната температура и во наредните денови ќе биде малку под просекот за овој период од годината.

Според УХМР потпросечните температури ќе се задржат се до крајот на месецот а со почетокот на август практично се враќа и летото кога температурите ќе одат нас 35 степени.

На почетокот на август се уште ќе има периоди со облачно време но температурите ќе бидат високи.

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, цел август ќе биде променлив со услови за нестабилност и температури за еден до два степени под просекот.