15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија и Естонија разговараат за потпишување меморандум за соработка

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, оствари работна средба со министерот за јавна администрација на Естонија, Јанек Маги.

На состанокот разговараа за процесот на дигитализација на Естонија и позитивните искуства кои можат да бидат пренесени во Македонија. Во тој контекст двајцата министри разговараа за можноста Македонија и Естонија да потпишат меморандум за соработка.

Како што истакна министерот Манчевски, експертизата што ја поседува Естонија може да послужи како пример и мотив за посветеност и реализација на зацртаните цели за дигитализација на Македонија. Како што подвлече министерот Маги, можноста за соработка на ИКТ-компаниите во двете земји, инвестирањето во иновативни проекти и стартапи во Македонија е отворена. На овој начин ќе се придонесе кон економски развој на земјата, зголемување на просечната плата, а на подолг рок и задржување на младите во Македонија.

Како што заклучи министерот Манчевски, МИОА и Владата работат на тоа Македонија по примерот на Естонија да биде следната ИКТ-дестинација во Европа.

Состанокот се одржа во рамки на меѓународната конференција за отворено владино партнерство во Тбилиси, Грузија.

Спонзорирано: