18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев на прашањето дали со тоа што од партијата на Љубисав Иванов – Ѕинго останале до крајот на состанокот во Клубот на пратениците, значи дека се окрупнува владејачкото мнозинство со уште една партија. Заев додаде дека не знае како тие ќе гласаат во Собранието.

Од Социјалистичката партија присутен беше пратеникот Љупчо Димовски. Оваа партија сè уште не е официјално излезена од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, но подогло време во медиумите се говори дека е можно да се приклучи кон владејачкото мнозинство.

Инаку, СЈО веќе води постапка за Љупчо Димовски за крвавиот четврток, а за синот на пратеничката од СПМ, Владанка Авировиќ, Василије Авировиќ, во петок треба да има пресуда за случајот „Труст“.