23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британски извештај: Западен Балкан ќе го достигне стандардот на ЕУ дури за 50 години

На Србија и на другите земји од Западен Балкан ќе им бидат потребни 50 или 60 години за да го достигнат стандардот на ЕУ, се вели во извештајот на британскиот Комитет за надворешни работи, кој беше објавен во пресрет на неодамнешниот Самит во Лондон.

Шансите на шесте земји од Западен Балкан во однос на членството во ЕУ, според овој извештај, се прилично мрачни, и меѓу многуте пречки, покрај „хроничната економска стагнација“, споменати се и постојаните билатерални спорови и етнички конфликти.