24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев со моќна порака до Русија!

По вчерашната информација на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести против промена на името, денеска премиерот порача дека Македонија ја подобрува соработката со Русија и води политика на пријателство.

Тој испрати порака до Русија дека сепак треба да знае оти за нашата земја нема друга перспектива освен ЕУ и НАТО.

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Базфид“ рече дека проруски грчки бизнисмени им плаќале на Македонци од 13 до 21 000 долари за да предизвикаат насилни протести пред клучниот референдум за името.

Потоа, појаснувајќи ја ваквата изјава, Заев од Скопје рече дека членовите на навивачката група „Комити“ кои беа приведени во јуни за време на протестите против договорот со Грција пред Собранието, во полициска станица рекле дека руски бизнисмени давале пари и затоа тие излегле на улица.

„Тие млади момчиња од ‘Комити’ кога нападнаа полицајци беа повикани во полиција да дадат исказ, па споменуваа дека бизнисмени од Русија давале пари, дека заради тоа тие се тука, дека тие немаат ништо против или слично“, рече Заев.

Амбасадата на Русија во Скопје ги оцени ваквите изјави на Заев како политички неодговорни.

„Изјавата на Заев ја става под прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сè повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, се вели во реакцијата на Амбасадата на Русија во земјата, објавена на нивниот официјален профил на „Твитер“.