17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ денеска кај Макрон, утре во Брисел со Тачи

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател, Емануел Макрон за билатералните односи, економската соработка и ситуацијата во регионот, со посебен осврт на дијалогот Белград-Приштина.

На состанокот ќе стане збор и за европските интеграции на Србија.

По завршувањето на средбата, ќе се одржи работен ручек во Елисејската палата, по што е предвидено обраќање на двајцата претседатели.

Утре Вучиќ ќе отпатува во Брисел, каде ќе започне новата рунда на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.