Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Доволни ви се само 5 секунди дневно: Научниците велат дека оваа навика е клучна за слабеење

За да имате фит тело и да бидете задоволни од своите пропорции, потребно е во утринската рутина да додадете една навика за која ви се потребни само неколку секунди.

Имено, истражувачите потврдиле дека утрниското мерење на вага влијае на количината и видот на храната која ја конзумирате во текот на денот.

Новата студија на американскиот стручен магазин Journal of Obesity докажала дека луѓето кои секој ден се мерат подобро ја одржуваат својата сакана телесна мера од лицата кои не го прават тоа. Утринското мерење влијаело и на желбата на испитаниците да започнат диета, односно да го рецуриаат внесот на калории.

Научниците објасниле дека забележувањето на податоците за тежината и редовното следење на тие бројки можат да освестат поединци, кои потоа повеќе ќе внимаваат на внесот на храна и вежбањето.

Спонзорирано: