12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Започнете го денот со овие намирници и заборавете на лошиот здив

Непријатниот здив може да биде многу вознемирувачки, бидејќи околината ги избегнува таквите лица, а потоа тие стануваат несигурни во себе.

Ако причината не е некое метаболичко пореметување, проблемот можете да го решите крајно едноставно, доколку го започнете денот со одредени видови овошје и јогурт.

Јогуртот го намалува хидроген-сулфидот, причинител на непријатниот здив, а некогаш ја елиминира неговата појава во целост, објаснуваат експерти.

Освен јогурт, се препорачува често консумирање овошје, особено јаболка кои важат за чистачи на забите и природен освежувач на здивот. Истиот ефект ќе го постигнете ако за доручек или ужина изедете порција бобичесто овошје, дињи, портокали, киви или друго овошје богато со витамин Ц.

Крцкавите крушки и моркови исто така се делотворни.

Спонзорирано: