3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Брутално претепан поранешниот амбасадор

Сер Кристофер Маер, поранешен британски амбасадор во САД, е сместен во болница кога бил брутално претепан од две лица во лондонската метро-станица Викторија. Сопругата на 74-годишниот британски дипломат, бароницата Кетрин Маер, рекла дека повредите изгледаат како нешто што може да се види само во воена зона.

Британската сообраќајна полиција уапсила 15-годишна девојка и 16-годишно момче под сомнение дека предизвикале тешки телесни повреди. Тие не се идентификувани, ниту обвинети.

Нападот се случил вчера, а полицијата соопштила дека повредите не се опасни за животот.

Спонзорирано: