16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пештерата на Тајланд ќе стане музеј, а ќе се снима и филм за спасувањето на момчињата

Пештерата на северот на Тајланд, каде што 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер беа заробени повеќе од две недели, ќе се претвори во музеј, соопштија официјални претставници.

Според информациите, музејот ќе покаже како се одвивала операцијата за спасување и дека тоа ќе биде главна атракција за Тајланд.

Најмалку две компании побарале да снимат филм кој ќе ја раскаже приказната за спасувањето.

Момчињата сега закрепнуваат во болница. На видео снимка може да се види дека тие се во добра здравствена состојба и во добро расположение, но ќе останат во карантин една недела.

Спонзорирано: