Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Не го кочиме изборот на ДИК, роковите се истечени

ВМРО-ДПМНЕ не го кочи изборот на новиот состав на Државната изборна комисија. Роковите се истечени, велат од опозоциската партија.

„Потребно е ново законско решение, ВМРО-ДПМНЕ ништо не кочи“, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски пред партиското седиште.

Тој негира и дека опозицијата се пазари со законот за амнестија.

За наредната недела се очекува Илија Димовски да ја закаже комисијата за избори и именувања, а од власта обвинија дека опозоцијата го кочи процесот поради референдумот.

Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели. Партиите не можеа да се договорат кои членови да ги предложат, а вкупно беа пријавени 41 кандидат за членови, претседател и заменик претседаетл на ДИК.

Спонзорирано: