16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 46 лица загинаа во поплавите во Јапонија

Во големите поплави кои во југозападниот дел на Јапонија беа предизвикани од обилните врнежи, животот го загубија најмалку 46 лица, додека 47 се водат за исчезнати.

Најтешко погодена е областа Окајама, каде спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето кои се качени на покривите од поплавените домови, а истовремено вршат евакуација на 360.000 луѓе.

Во одредени делови од Окајама, нивото на водата достигна пет метри, а работата на спасувачите ја отежнуваат автомобилите кои ги носи водата.

Најголем е бројот на жртви во Хирошима, каде исто така имаше големи поплави изминатите денови.

Војската на загрозените подрачја испрати цистерни со вода, а во спасувачките акции учествуваа 48.000 припадници на полицијата, пожарникари и локалните единици за самозаштита.

Спонзорирано: