5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За шест месеци уништени 60 809 килограми небезбедна храна од животинско потекло

Од почетокот на годинава до крајот на јуни уништени се вкупно 60 809 килограми небезбедна храна од животинско потекло (месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Поголем дел или 43 668 килограми небезбедна храна уништиле самите оператори врз основа на воспоставените внатрешни контролни системи за безбедност на храната – (HACCP). 59 298 килограми од уништената небезбедна храна се од домашно производство, а остатокот од увоз.

„Ги охрабруваме граѓаните недоследностите во поглед на безбедноста на храната да ја пријават во Агенцијата на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на info@fva.gov.mk“, велат од АХВ.