10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети и швајцарската амбасадорка: Македонија следната недела ќе добие покана за членство во НАТО

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, во Скопје ја пречека амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада. На средбата тие разговарале за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за швајцарската поддршка за институциите и процесите во Македонија.

Како што пренесуваат од ДУИ, Ахмети истакнал дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на самитот следната недела на Алијансата во Брисел, а минатиот месец, исто така, добивме и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Ахмети исто така зборуваше и за посебната важност што ДУИ ја става на судските реформи и општо системските реформи.
Владеењето на правото е исто така предуслов за економски развој и кредибилитет на институциите во земјата.

Амбасадорката на Швајцарија Тејада ги елаборира проектите поддржани од Швајцарија во Македонија, вклучувајќи ги и активностите предвидени во однос на соработката со политичките партии за кои Ахмети рече дека ДУИ целосно ги поддржува овие напори и изрази благодарност до швајцарската влада за целата помош.

Спонзорирано: