11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва Заев доби телефонски повик од еден од најмоќните функционери во Светот – еве што му соопшти

Вечерва потпретседателот на САД, Мајк Пенс, разговараше со премиерот на Република Македонија Зоран Заев при што му честита на историскиот договор со Грција за решавање на долготрајното прашање за името меѓу двете земји, се вели во соопштението на Белата куќа лиферувано доцна вечерва.

Пенс ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на преговорите за пристапување во јуни 2019 година и ја потврди поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Потпретседателот на Америка, Мајк Пенс го пофали водството, храброста и посветеноста на мирот и стабилноста во регионот на премиерот Заев и ја понуди поддршката на САД за договорот за името и неговата успешна имплементација.