12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Иванов e должен да го потпише указот за Законот за ратификација на Договорот

Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Македонија, реагира Социјалдемократскиот сојуз, по ставовите изнесени од страна на претседателот.

„Постигнатиот Договор со кој е става крај на 25 годишниот спор го зајакнува македонскиот идентитет и е важен чекор за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО нека ги преслуша пораките од целиот демократски свет, од сите демократски лидери. Демократскиот свет го поздравува напредокот со постигнатиот Договор и можноста којашто се отвора за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Најавата на Иванов дека нема да ја почитува волјата на граѓаните искажана на референдум е во најмала рака скандалозна за секој нормален, одговорен политичар.“, смета СДСМ.

Социјалдемократите велат дека претседател на држава не треба да се спротивставува на волјата на граѓаните, туку да ја почитува, и тврдат дека Иванов е должен да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот.

„Иванов треба да има предвид дека СДСМ, граѓаните, демократската јавност, нема да дозволат ниту една деструктивна сила да ја закочи македонската иднина, ниту пак да ја врати Македонија во мрачното минато на изолација, поделби и неизвеснот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Спонзорирано: