12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Десет години се преправал дека е гинеколог и прегледувал жени – кога полицијата го разоткри веќе било доцна за повеќе жени

Лажен гинеколог, кој никогаш не студирал медицина, а неполни десет години во Австралија се претставувал како експерт за неплодност, осуден е на девет години затвор.

Судија на Окружниот суд во австралиската држава Викторија, Бил Стујарт, го опишал осудениот Рафаел ди Паоло (61) како бескурпулозен шарлатан.
Претходно годинава Ди Паоло ја признал вината и е осуден за 51 сексуален престап, кој ги вршел попатно со лаги и напади, но и за големи парични уплати за лекарски прегледи и третмани.

Овој австралиско-италијански државјанин ги фалсификувал квалификациите во Италија во 1990-тите години.

Тој и во Италија е осуден и парично казнет за лажно претставување како лекар, но успеал да убеди два римски суда дека е квалификуван да се занимава со медицина во Австралија.

Се вратил во Мелбурн и лечел 30 жени и нивни партнери од 2005 до 2015 година. Инаку, неговите наводни третмани за неплодност опфаќале вбризгување хомеопатски супстанци, земање примерок на крв, кои никогаш не биле испитани, и спроведување абдоменални тестови и ултразвучни прегледи.

Лажниот лекар на многу жени им рекол дека се бремени, иако не биле, а една навистина бремена жена абортирала откако ѝ вбризгал непозната супстанца.

Спонзорирано: