10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев во Брисел води владина делегација на средби со Туск, Хан и Столтенберг

Премиерот Зоран Заев од денеска е во дводневна работна посета на Брисел.

За време на оваа работна посета Заев, кој предводи поширока владина делегација, денеска ќе се сретне со pретседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, со кого ќе имаат и заедничка изјава за медиумите. За денес предвидена е и работна средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Премиерот во попладневните часови ќе се обрати и на Форумот Кран Монтана, на сесијата насловена „Југоисточна Европа и нејзиното пристапување кон Европската Унија“.

Утре Заев ќе има средба и со gенералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по што ќе следува и заедничка прес-конференција.

Инаку, во владината делегација која ја предводи премиерот вклучени се и Радмила Шекеринска, вицепремиерка и министерка за одбрана, Бујар Османи, вицепремиер задолжен за европски прашања, и Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Во текот на дводневната работна посета на Брисел премиерот Заев ќе учествува и на работниот состанок на Партијата на европските социјалисти.

Спонзорирано: