10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ова сигурно не сте го знаеле: 11 непознати факти за Путин

Според многумина најмоќен човек на светот, претседателот на Русија Владимир Путин важи за некој кој е константно под лупа на јавноста. Сепак, малкумина знаат за неговите секојдневни навики, кои немаат врска со политика.

Сајтот „Бизнис инсајдер“ издвои 11 малку познати факти за животот на рускиот претседател.

1. Владимир Путин сака да спие долго. Никогаш не доручкува претпладне.

2. Обожава пливање. Секој ден после доручекот плива, како би се опуштил.

3. Иако како дете пораснал во срцето на комунизмот, каде религијата била забранета, Владимир Путин како момче е тајно крстен во православна црква.

4. Владимир Путин не живее во Москва. Смета дека градот е пренатрупан, и преферира работата да ја извршува од својата резиденција надвор од градот.

5. Има црн појас во Џудо. Бил универзитетски шампион во оваа вештина 1974. година.

6. Како момче работел во школска радио станица, каде најчесто пуштал песни од „Битлси“, која, наводно, му е најдрага група.

7. Луѓето со кои соработува наводно го нарекуваат „цар“.

8. Не поднесува интернет. Смета дека е исклучително небезбеден и конфузен.

9. Додека растел, обожавал да чита шпионски романи и гледал филмови на таа тема.

10. КГБ во 1985. година го испратиле во Источна Германија, каде живеел и се претставувал како „господин Адамов“.