16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва Владата соопшти одлични вести за Македонија

Владата соопшти дека Европската Унија одлучила Македонија да започне преговори за членство во 2019 година.

„Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на денешната седница донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог.

Инаку, попладнево Советот на министри на состанок во Луксембург препорача условен датум за почеток на преговори на Македонија за членство во Унијата во јуни 2019 година. За да бидат отворени преговорите, Македонија мора да исполни четири услови: да ги спроведе итните реформски приоритети, да го спроведе договорот со Грција, да добие позитивен извештај од Европската Комисија и одлука од Советот на ЕУ.

Во поглед на реформите, Македонија особено треба да се фокусира на судските реформи, реформи за борбата против корупцијата, реформа на разузнавачките и безбедноснисте служби, на јавната администрација.

Освен Македонија, условен датум за отворање на преговорите за членство во јуни 2019 годинадоби и Албанија.