27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Еве од кога да очекувате значителен пораст на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно, од пладне и особено во западните и јужните делови со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 5. Дневната температура ќе се движи од 14 до 25 степени.

Од утре до среда нашето подрачје ќе биде под циклонско влијание и ќе услови претежно облачно и посвежо време, на повеќе места со пообилни врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјава (локално над 50 л/м2 воден талог).

До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе се во пораст.