27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Полицајки го регулираат сообраќајот во тесни и кратки панталони (Видео)

Либанските власти оваа година подготвиле посебни униформи за сообраќајните полицајки – црни тесни панталони и кратки маици во иста боја, а причината е привлекување туристи.

– 99 отсто од туристите во медитеранскиот регион носат кратки панталони, не гледам каде е тука проблемот, изјавил градоначалникот на Брумана додавајќи дека сака да ја промени црната слика која туристите ја имаат за Либан и да ги привлече во својата земја.

Иако повеќето мажи немаат ништо против, на социјалните мрежи може да се најдат бројни критики осудувајќи го ваквото искористување на жените за промоција како и големата разлика која се прави помеѓу мажите и жените.

Но и покрај тоа, се чини дека на самите полицајки новите униформи воопшто не им сметаат.