11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Незапамтена измама: Автомеханичар од сметка на фирма повлекол 1,6 милиони евра

Дваесет и четиригодишник од Подгорица, кој е клучна фигура во незапамтена измама кога од банкарската сметка на никшичка компанија се повлечени 1,6 милиони евра, е автомеханичар во еден од авто-сервисите во главниот град на Црна Гора.

Полицијата и натаму интензивно трага по него, и се уште е нејасно, како можел да спроведе во дело исклучително добро осмислен план, кој бара познавање не само на работењето на фирмата, туку и на банкарското сметководство, пишуваат подгорички Вијести.

24-годишникот, на мистериозен начин, без знаење на вистинскиот сопственик на фирмата, се запишал како извршен директор на фирмата во Централен регистар и, со помагачи, од банкарската сметка на фирмата, на основа на фалсификувана документација, извршил 33 трансакции одлив на пари кон своите сметки и сметките на останатите уапсени во акцијата на полицијата, во вкупен износ од 1.665.793 евра.

Во полициската акција уапсени се повеќе лица поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело измама.