Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дијалог Белград – Приштина: Разговорите тешки, позициите значително оддалечени

Во Брисел се одржува нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина, под покровителство на Европската Унија. Дописникот на РТС пренесува дека подоцна е можна средба на претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

РТС пренесува и изјава на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, според кого разговорите се тешки и дека позициите се значително оддалечени.

Претходно, пак, Тачи изјави дека договорот би требало да биде постигнат до крајот на март 2019 година. Тој за „Дојче веле“ рекол дека платформата на Приштина во новата фаза на преговорите не се заснова на поделба, ниту, пак, на размена на територија.

„Нормализација на односите е единствен сигурен пат и тој треба да се заснова на признавање на независноста на Косово и целосно почитување на правата на Србите“, рекол Тачи.